ФОРМУЛАР ЗА ПОСТЕТА НА ЦРКВАТА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН
Велики Четврток 29.04.2021
Света литургија и маслосвет со почеток од 10:00 часот ;
Читање на 12 Страдални евангелија со почеток 17:00 часот
- Велики Петок 30.04.2021
Статии на погребението Христово со почеток од 17:00 часот
- Велика Сабота 01.05.2021
Света литургија со почеток од 10:00 часот
Објавување на Воскресението Христово со почеток од 23:50 часот
Утрена богослужба со Света литургија после полноќ.
- Недела Воскресение Христово – Велигден 02.05.2021
Читање на Воскресеното евангелие на повеќе јазици со почеток од 10:00 часот
- Понеделник 03.05.2021
Втор ден Велигден – Света литургија со почеток од 10:00 часот.
ВАЖНИ ПРЕПОРАКИ!!!
Поради мерките за претпазливост Светите богослужби внатре во храмот ќе се одвиваат исклучиво само со оние кои помагаат и пеат, а сите останатите верници ќе можат во дворот на црквата внимавајќи на 1,5 метар помеѓу себе и стоејќи на одбележаните места, аудио да ја слушаат богослужбата која во живо ќе се пренесува во дворот на храмот.
На влезот од црквата за постетелите задолжително ќе биде потребно да се предаде исполнет формулар (формуларот можете да го најдете на самиот почеток од ова изветување)
со личните податоци на црковните помошници и редари со цел да не се создава гужва.
Оние кои нема да донесат веќе исполнет формулар истото нема да може да го направат пред влезот на црквата како што беше досега, освен со исклучок за старите лица кои не користат интернет и компјутерска технологија.
Задолжително е носење на маска и во дворот на црквата, каде на обележаните места ќе може за време на богослужбите да се стои.
Ве молиме имајте во предвид да не се задржувате повеќе од 15 минути освен оние кои се подготвувале за причест бидејќи како во храмот така и бројот на посетители е ограничен. Одбегнувајте дирекни контакти (поздравувања, разговори итн.) со било кого, во дворот. Свеќите ќе се палат во дворот на црквата која ќе биде затворена за посетители.
Оние кои постеле, кои се исповедале или имаат благослов од свештеник и духовник за “Света тајна Причест” со цел да бидат запазени мерките на претпазливост и да не се создава гужва во храмот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ќе треба се до 27.04.2021 да се најават кај свештеникот на неговиот телефонскиот број 01739000849 со цел да се направи соодветен распоред за причесници.
Сите горенаведени богослуженија ќе бидат прнесувани на црковната Фејзбук страна.
ВЕ МОЛИМЕ НЕ СЕ ГРУПИРАЈТЕ ПОЗДРАВУВАЈЌИ СЕ СО ПОЗНАНИЦИТЕ!!!
ВЕ МОЛИМЕ ОСТАВЕТЕ ПРОСТОР ДА МОЖЕ И НЕКОЈ ПСОЛЕ ВАС ДА ЗАПАЛИ СВЕЌА И КРАТКО ДА СЕ ПОМОЛИ!!!
ВЕ МОЛИМЕ ДОАЃАЈТЕ СО ИСПОЛНЕТИ ФОРМУЛАРИ СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ!!!
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕТЕ МАСКИ И НАПРАВЕТЕ ДЕЗИНФЕКЦИЈА ПРИ ВЛЕЗ ВО ХРАМОТ И ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА!!!
Со надеж дека ова година ќе биде последна во која на ваков ограничен начин ќе го прославуваме Христовото Воскресение Ви посакуваме од Бога многу духовно и телесно здравје и спасение!
Христос ВОСКРЕСНА!!!
Навистина ВОСКРЕСНА!!!