Потврда за посета на Велигденска богослужба

Драги браќа и сестри,

Согласно издадената дозвола од градот Мајнц за одржување на Велигденска полуноќна богослужба во време на полициски час, во прилог ви доставуваме потврда која ќе може да ви послужи пред полициските службеници дека сте биле присутни или доаѓате на Велигденска боголужба во храмот Свети Никола – Мајнц, за која нашата црковна општина има дозвола од градските служби.

Имено имајќи во предвид дека многумина сакаат да бидат присутни на полуноќното бдение и Света литургија која ќе започне десетина минути пред 00:00 часот, а бројот на присутни кои можат да бидат внатре и надвор во црковниот двор е ограничен на 100 мина,  мојот апел како ваш парохиски свештеник и духовник е доколку не сте постеле и не сте се подготвувале за Света Тајна Причест да оставете простор за присуство на оние кои 47 дена постат и се подготуваат за овој ден сакајќи да земат учество во Светата литургијата.

Секако црквата е отворена за сите и секој ќе може да дојде да ја посети безразлика дали постел или не, но Ве замолувам да имате во предвид  ноќта на Воскресението и за време на богослужбата да оставете простор на оное кои постот го запазиле и кои треба да бидат дел од Велигденска богослужба, бидејќи како што стои во горенаведениот текст бројката на присутни внатре и надвор е ограничена на 100.

Се надевам дека ќе имате разбирање за овој мој апел, и истиот нема погрешно да го разберете, туку напротив имајќи ги во предвид браќата и сестрите кои долг период во пост и молитва се подготвувале за Причест, ним ќе им го отстапете вашето место во дворот и храмот.

Во текот на целиот ден храмот ќе биде отворен за посета и молитва и секако после боголужбата во Недела од 10:00 часот, ќе има причест како што од претходно е најавено за сите кои нема да можат да успеат да дојдат на полуноќната Света литургија.

Ве поздравувам со најрадосниот поздрав

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

отец Константин Павлевски

НА СЛЕДНИОВ ЛИНК :    POTVRDA ZA POSETA NA BOGOSLUZBA.

ЌЕ ЈА СПУШТИТЕ ПОТВРДАТА ЗА ПОСЕТА НА НОЌНАТА БОГОСЛУЖБА