Драги браќа и сестри,
Нашиот храм посветен на Светиот Николај и неговата изградба, е резултат на Вашите несебични заложби во љубовта кон црквата Христова. Овој храм засекогаш ќе сведочи за Вашата вера, сплотеност и љубов во Христа, но ќе биде и залог на следните генерации кои ќе живеат тука, негувајќи ја верата, културата и традицијата. Токму тоа е мотивот за изградбата на овој наш храм каде секоја недела можеме да се соединиме со Христа преку причестувањето, духовно да се нахраниме и закрепнеме во верата. Место каде нашите деца се крштеваат, венчаваат, растат и се радуваат, имајќи каде да запознаат повеќе за православната вера, за македонските традиции и култура, но и да го негуваат и македонскиот јазик. Знаејќи за непроценливата вредност и придобивките од погоре напишаното би сакал да размислете за следново:
Имено иако веќе нашиот храм Свети Никола е функционален од секој аспект духовен – финасиски одржлив, и ораганизационо исполнет секоја година со нови содржини, сепак не е се уште довршен. Не довршен во неговата градба. Пред се иако имаме дозвола за изградба на камбанарија, таа не е сеуште изградена заради финасиската немоќ да се постигне насекаде, особено кога веќе имаме и постојан парохиски свештеник. Понатаму следен битен чекор во кој треба заедно да се потррудиме да го исполнеме е, сликањето (фрескоживописот) на внатрешноста на храмот, со што целосно би се докомплетирал во неговата изградба.
Имајќи ги во предвид искуствата од минатото но и сегашноста, пред се од нашата црковна општина, другите македонски црковни општини низ Европа, како и другите цркви како што се католичката и евангелската црква, со месечениот парохијал горенаведеното можеме час поскоро да го направеме. Со месечен парохијал од 15 евра за семејство заедничи и во поголем број можеме побрзо да го довршеме сликањето на храмот, изградбата на камбанаријата, исплатата на кредитот за досега изграденото итн. Секако понатаму би биле и способни и да создаваме нови преспективи на оваа црковна општина кои се за општото добро на црквата и народот. Можеби нашите барања се преголеми, но заедничките придобивки ќе бидат уште поголеми.
Вашите доброволни прилози можете да ги уплатите на следнава трансакциска сметка:
BLZ – 55050120
Kontonummer – 200032159
IBAN – DE16 5505 0120 0200 0321 59
BIC – MALADE51MNZ
Со надеж дека овие предлози ќе ги разгледате и реализирате, а преку тоа и се зголемат стремежите кон континуиран црковен живот, кој ќе биде добар како за Вас така и за генерациите после Вас, Ви посакуваме сé добро во нашиот Спасител Господ Исус Христос
Со Божји благослов,
ваш парохиски свештеник
отец Константин Павлевски