нашата црковна општина

Идејата за оваа црковна општина ја даде првата генерација на македонски гастарбајтери во 1989, кога и воедно се создаде првата управа на црквата.crkva_slider_02

Во 1991 црковната заедница за прв пат беше пријавена во официјалниот регистар на заедници од градот Мајнц, Германија.  Во наредната 1994 година нашата црковна општина беше домаќин на првото заседание на македонските црковни заедници во цела европа. Следствено на тоа во Мајнц беше создадена новата Европска Епархија со чело на Митрополитот Господин Горазд.

Во годината 2005 се случи смена на генерација во нашата управа. Тогашниот претседател го предаде водството на новоизбраниот претседател Мирче Филипоски. Под негово водство се оформи една млада и мотивирана управа, која за цел си ја постави изградбата на македонска црква во византиски стил. На почетокот за многумина беше тоа еден пројект кој е невозможно да се оствари, но со една професионална организација, искрена желба, работа и посветеност успева таа млада управа да добие место за градба веќе во годината 2007. Место кое дополнително ги мотивираше сите, желбата да стане стварност.

Две години подоцна, на 26 Септември 2009 година се славеше фрлањето на темелите на овој свет храм. На оваа манифестација присуствуваа околу 1500 гости од регионот и од соседните земји. Веќе во Април 2010 година започна изградбата на оваа црква, која траеше 4ри години, сѐ до есента 2014, кога беше и завршена.

Градбата на овај храм не изостана ниту медиумски. Доказ за ова се многуте записи, пишувања и видеа во германските/македонските медиуми, кои дополнително ја афирмираат и шират македонската православна вера заедно со нашата култура. Ова лето 2015 нашиот храм го слави своето осветување.

Neue_Kirch-Ansicht_oben

Neue_Kirche