На 17 Јули, по покана на католичката црква “Свети Панкрациус” од Мајнц, а по повод летниот фестивал организиран од католичките цркви од населбата Хецхајм, за наше големо задоволство пред верниците на католичката црква од градот Мајнц со свој штанд бевме претставени и ние како македонци и верници при македонскиот храм “Свети Никола” од истоимената населба. На почетокот на фестивалот парохискиот свештеник отец Михаил како домаќин и организиратор во својата најава поздравувајќи ги гостите нас како македонски народ со своја црква не поздрави и изрази благодарност што и ние со нашето присуство зедовме учество на овој настан.