ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани верници, драги браќа и сестри Ве известуваме дека во периодот од 25 јули до 25 август поради користење на годишен одмор, свештеникот ќе биде отсутен од храмот Свети Никола – Мајнц, а со самото тоа во горенаведениот период нема да има неделни и празнични богослужби. Храмот Свети Никола ќе биде отворен секоја недела во периодот…

Glaubensbekenntnis

Ich glaube an den einen Gott, den Vater, den Allherrscher, den Schöpfer des Himmels und der Erde, alles Sichtbaren und Unsichtbaren. Und an den einen Herrn Jesus Christus, Gottes einziggezeugten Sohn, den aus dem Vater Gezeugten vor aller Zeit, Licht vom Lichte, wahren Gott vom wahren Gott, gezeugt, nicht geschaffen, den dem Vater Wesenseinen, durch…

Десет кратки поуки за родителите

1. Богато опсипувајте ги децата со љубов. Вашата љубов прави децата да се чувствуваат сигурно и им ги олеснува проблемите. 2. Воспоставете дисциплина. Кога се применува со определена мерка, доследно и благоразумно, дисциплината ги подобрува способностите на децата и ја зацврстува нивната самодоверба. 3. Постојано наоѓајте прилика за разговор, игра, учење со децата. Воспоставете вистинска…

Понеделник – Свети Наум Охридски

Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот…

“Светило за телото е окото” – Матеј 6.22

    Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? Никој не може да им слугува…

Летен фестивал на католичката црква Св. Панкрациус

На 17 Јули, по покана на католичката црква “Свети Панкрациус” од Мајнц, а по повод летниот фестивал организиран од католичките цркви од населбата Хецхајм, за наше големо задоволство пред верниците на католичката црква од градот Мајнц со свој штанд бевме претставени и ние како македонци и верници при македонскиот храм “Свети Никола” од истоимената населба. На…